Заев: Знаеме до каде можеме да одиме со преговорите
Премиерот Зоран Заев на дешената пресконференција на новинарско прашање што значи неговата изјава дека е прифатливо име со географска одредница, тој одговори дека знае до каде може да се оди со преговорите.
– Верувајте знаеме до каде можеме да одиме со преговорите – рече тој.
Тој најави дека следната недела ќе има нова средба со медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕиас и Никола Димитров.
Засега не се знае точно каде ќе се одржи средбата, но Заев најави серија средби во месец февруари, бидејќи како што рече, времето е кратко.