Заев верува дека ќе оствари средба со грчкиот колега Ципрас на самитот во Софија


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека верува дека со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ќе остварат средба за време на Самитот за Западен Балкан на ЕУ во Софија.

– Веројатно тоа ќе биде на маргините на Самитот, но логично е да оствариме средба, посебно ако навистина и при следната средба продолжиме со макар мали, но чекори кон напредок на решение на овој проблем, изјави Заев по денешното судско рочиште за „Поткуп“.

Следната средба е планирана за следниот викенд во Атина помеѓу двајцата министри за надворешни работи, Димитров и Коѕијас, рече Заев и додаде дека може ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

– Верувам дека може да се направи еден исчекор за да можеме и ние ако не да решиме, барем да прокоментираме за средбата која би ја оствариле во Софија, додаде премиерот Заев.