Заев: Благодарение на стопирањето на забеганите криминални проекти има повеќе пари за спортот


Изборот за распределба на средствата, наменети за спорт е целосно транспарентен кон сите федерации и спортисти, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

– Од процес задоволство изразуваат и федерациите и спортистите, до мене досега не стигнале забелешки. Благодарение на тоа што престанаа забеганите криминални проекти има и повеќе пари. Спортовите добиваат суштинска поддршка, оти претходно се градеа теренски игралишта, кои служеа за паша на кравите и овците во Македонија, наместо на нив да се игра. Во суштина во Македонија немаше спорт во оние сегтменти за кои се градеа спортски објекти, рече Заев.

Пратеникот Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од премиерот за тоа како се трошат парите со кои располага Агенцијата за млади и спорт, како и да каже дали Дарко Каевски ќе остане на директорската функција и по скандалот со збирката песни од проектот Млади поети, кој во себе содрежеше песни, што беа оценети како сексисистички и шовинистички, но и поради, како што рече несоодветното трошење државни пари од негова страна.

Заев нагласи дека Кавески работи чесно и оти не зел денари од Агенцијата, кој би требало да го враќа.

– Ние не се скривме во некоја глувчешка дупка, туку јавно го коментиравме тоа што беше сторено со збирката, го осудивме и тоа со кое не се согласувавме. Добро е што се подрржуват млади писатели и поети и добро е што е формирана комисија и ако таа комисија имала обрвска да ги чита песните пред нивното издавање, а не си ја завршила работат треба да одговара, рече Заев.

Додаде дека ова не е причина да одговара директорот на Агенцијата, затоа што е одличен кадар.

– Тој е вистински спортски работник, кој ги познава сите федерации и се познава со голем број од спортистите. Одлично си ја извршува работата. Затоа смета дека Дарко Каевски треба да остане на таа функција и сметам дека нема украдено ниту еден денар од таму за да има обврска да ги врати украдените пари, рече Заев.