Загинаа 14 млади хокеари во Канада


Во несреќа на автобус што превезувал членови на младински хокеарски тим во канадската провинција Саскечеван, загинаа 14 лица кога тоа возило удрило во камион со приколка.

Канадскиот весник Глоуб енд мејл, објави дека во автобусот биле хокеари на возраст од 18 до 21 година и дека во возилото имало вкупно 28 луѓе.

Несреќата се случила синоќа во близина на Тиздејл, на 300 км од покраинскиот главен град Реџина. Повредени се 14 лица од кои тројца се во критична состојба.

Хокеарите на тимот Хамболт Брокос патувале на петти натпревар од плеј-оф серија против тимот Нипавин.