Загинаа двајца моторџии


Во две одделни сообраќајни незгоди во Гостивар и во Велес, загинаа двајца моторџии.
Во неделата, во 14.45 часот, на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „Кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Истиот ден, во 16 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Мерцедес Спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од село Претор, ресенско, (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.