„Забрането смеење“ во режија на Игор Ивковиќ во струмички театар


Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица новата сезона ќе ја почне со праизведбата на претставата „Забрането смеење“ од современиот хрватски автор Миро Гавран.

Според режисерот Игор Ивковиќ претставата ќе понуди еден нов светоглед на темите за кои се помалку се зборува во јавноста, како што се љубовта, брачните односи, неверствата низ една комична перспектива.

-Досега процесот оди мошне добро и сум задоволен од целата екипа. Јас како режисер и целата екипа со мене најмногу ќе бидеме благодарни на актерските креации, кои ќе ги направат познатите актери од струмичкиот театар:Кољо Черкезов, Оливера Аризанова и Јулија Милкова. Верувам дека оваа претстава ќе живее долго на репертоарот по изведувањето на премиерата, рече режисерот Игор Ивковиќ.

Премиерата на „Забрането смеење“ се очекува на почетокот на мај.