Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни.

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во мометов не преставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините