„Жолти елеци ” – Мобилизацијата слабее, тензиите сè уште присутни


Според Министерството за внатрешни работи на Франција, попладнево на демонстрациите излегле околу 33.500 лица што е за, речиси, петпати повеќе во споредба со саботата сабота кога на улица излегоа околу 7.000 демонстранти. Тензии се присутни, но не и насилство какво имаше во минатиот викенд.

Демонстрациите почна по пет дена мерките за зголемување на куповната моќ што ги обелодени оретседателот Емануел Макрон што, пак, отворија широка дебата во земјата.

Мобилизацијата, исто така, беше послаба и во другите големи градови како Рен, Каен, Стразбур, Тулуз и Лион. За обезбедување на јавниот ред и мир се ангажирани околу 69.000 припадници ширум Франција од кои 8.000 се задолжени за безбедноста во Париз.

Според полициски извори, во Париз е изречена мерка притвор за 115 лица од вкупно 168 колку што се приведени досега, а седум се повредени.

Во Бордо, каде минатата сабота имаше насилнички испади, продефилираа околу 4.500 „жолти елеци“, бројка што е слична како и минатонеделната. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите се уапсени 14 лица.

Во Нант, според проценка на полицијата, се забележани околу 1.200 лица за чие растерување беше употребен солзавец. Властите соопштија дека имало 11 апсења до 17 часот.

Околу 4.500 „жолти елеци“, пак,  протестираа во центарот на Тулуз кој се судрија со полицијата пришто билансот е 29 приведени лица.