(Живо) Почнува кампањата за успешен референдум


Премиерот Зоран Заев попладнево во Клубот на пратениците во Скопје ќе ја промовира коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ и кампањата за рефередумот на 30 септември.
Коалицијата ја сочинуваат триесеттина партии кои се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија. Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат „за“ на престојниот референдум и за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
Покрај премиерот Заев, ќе се обратат и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и актерката Сабина Ајрула.