Жесток дуел во српскиот Парламент, Дачиќ нервозен (ВИДЕО)


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска побара да се прекине седницата на Парламентот на Србија додека се се поставуваа пратенички прашања, бидејќи на лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, му дофрлал, што прерасна во жестока расправа.

Повод се случувањата во Косово и Метохија.

-Ако некој навистина не е толку моќен да изврши притисок врз Приштина, не знам за какви светски сили станува збор. Веќе ви реков дека тие сили го породија политичкиот монструм во Приштина, рече Дачиќ, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со ситуацијата во Косово.

На тоа реагираше Јовановиќ: „Ма ај, бегај веќе со тоа“. Дуелот погледнете го тука: