Жбогар: Македонија ја очекува многу работа


Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече Евроамбасадорот Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот.

“Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки”, рече Жбогар и упати охрабрување за продолжување на преговорите за името.