Жан Клод ван Дам: Би ја посетил Македонија заради убавите жени


Холивудската ѕвезда Жан Клод Ван Дам (57) би ја посетил Македонија заради убавите жени, вели менаџерот Мики Црнокрак, кој на изборот за  „Miss fashion TV“ во Кемер, Турција се сретна со Ван Дам, специјален гостин  и член на жирито на изборот.

И Црнокрак и белгискиот актер со холивудска кариера, особено во акционите филмови, присуствуваат на престижниот моден настан, на покана на Мишел Адам, сопственик  на светската модна телевизија „Фешн Тв“.

-Мишел Адам е светски човек кој убавиците и дизајнерите ги прави ѕвезди а околу него сѐ е гламур и бизнис. Се знаеме од претходните средби на изборот и од други модни служувања низ Европа, раскажува Мики.

Во хотелот „Риксос Сангејт“ каде се сметстени убавиците и гостите на изборот, утревечер ќе се  одржи полуфиналето за „Miss fashion TV“ .

Македонија ја претставуваат манекенките од модното студио „Црнокрак“ :Кристина Поптрпева, Славица Заркова, Натали Андоновска и Елена Петреска. Финалето е закажано за 7 октормври на Кипар.

Жан Клод ван Дам уште пред да биде славен, бил член на националниот тим за карате на Белгија, а тренирал карате од свои 15 години, а подоцна и кикбокс. Зад себе има пет брака и три деца. Еден е од омилените ѕвезди во Холивуд кој се разбира во боречки вештини заедно со Чак Норис и Долф Лундгрен.

-Се запознавме уште првата вечер на забавата за добредојде во клубот во хотелот и седевме цела вечер на исто сепаре и разговаравме. Ме изненади кога ми кажа дека слушнал за Македонија, ме прашуваше за мојата работа, а јас го изненадив кога му ги набројав сите негови филмови…Со оглед на неговата слава и популарност изненадувачки отворен за разговор за сите, за фото, за давање автограми…Многу забавен, шармантен, харизматичен, ни изјави Црнокрак за Жан Клод ван Дам.

Македонските убавици ја имаа ретката можност да уживаат со славниот актер во џакузито на луксузниот хотел.

-За сите кажа дека се многу убави и дека ако ништо друго поради убавите девојки би дошол да ја посети Македонија, вели Мики.

Светската модна телевизија на Мишел Адам пред осум години снимаше и во Македонија. Во тогашниот ноќен клуб „ Колосеум“ снимаше од журката со македонските ВИП фаци кој подоцна се емитуваше на „Фешн ТВ“  во траење од 60 секунди. (Л.С.)