ЕХФ: „Лудата банда“ фрли око на медал
„Лудата банда фрли око на медал“, стои во насловот на текстот на официјалната страница на ракометното Европско првенство во Хрватска. Авторот на текстов вели дека Македонија сигурно има искуство и квалитет за големи дострели, бидејќи во составот игра ракометари како Борко Ристовски, Дејан Манасков и Кирил Лазаров.
Најголемиот успех на Македонија е петтото место на Европското првенство во Србија, но во ЕХФ сметаат дека нашиот национален тим оваа година може многу повеќе, најмногу поради селекторот Раул Гонзалес, кој изминатата сезона го предводеше Вардар до титулата во Лига на шампиони.
Македонија ја завшри првата фаза во Загреб со две победи против Словенија и Црна Гора, односно реми со Германија и утре со Шпанија го игра клучниот меч за историско полуфинале.