ЕХФ направи видео: Македонските навивачи хит во Загреб


Официјалниот канал Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави едноминутно видео од перформансот на македонските навивачи на Европското првенство во Хрватска.

Популарната „Фаланга“ е омилена и кај домаќините, но и кај фановите на останатите земји.

Вечерва на мечот со германија се очекуваат околу 5.000 црвено-жолти навивачи кои и овој пат ќе и дадат громогласна поддршка на нашата репрезентација во обид да стигне до третата победа.