Еуросупер 95 поскап за половина денар, дизелот со иста цена


Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер 95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, на Еуросупер 98 останува 73 денари, на дизелот 62,50, а на екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари.

Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и ќе изнесува 33,65 денари за килограм. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 73, 86 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,43 денари за долар.