Ерера: Погба е магијата во нашиот тим


Пол Погба е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, кој може да го промени развојот на секој натпревар во корист на рекордерот по титули во Англија, изјави полудефанзивецот Андер Ерера.

– Тој игра едноставно и ефикасно во нашата половина, а во противничката е магијата, која ги менува натпреварите. Мило ми е за него. Јас, Немања Матиќ и останатите треба да му помагаме да се чувствува слободен и токму тоа се трудиме да го правиме, изјави Ерера, цитирана од „Индепендент“.

Шпанецот вели дека тиe не ја гледаaт табелата и играaт натпревар за натпревар. Тимот на Оле Гунар Солскјер е во серија од 4 победи по ред.

– Работите одат добро и не сакаме тоа да се менува, па продолжуваме по истиот начин. Ако победничката серија се зголеми, ќе бидеме поблиску до првите четири, но тоа не е нешто за кое мислиме постојано. Против Њукасл не беше лесно, бидејќи се организиран и добар тим, кој сигурно ќе остане во Премиер лигата. Но, ние сме во добра форма. Можеби не играме перфектно во моментов, но чувствуваме дека можеме да победиме во секој натпревар, додаде тој.