Ердоган повика на реформа на Советот за безбедност на ОН


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на реформа  на Советот за безбедност на ОН во говорот пред Генералното собрание на ОН.

– ОН постигна непобитни успеси за 73 години, но, се оддалечува од исполнувањето на очекувањата на човештвото за мир и просперитет, рече Ердоган.

– Турција станува глас на светот, бидејќи светот е поголем од пет, нагласи Ердоган, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право вето.

Турскиот претседател побара да се прошири составот на Советот за безбедност.