ЕП ракомет 2018: Изедначено првото полувреме, македонските навивачи најгласни


Со резултат 11-11 завршија првите 30 минути игра од натпреварот меѓу Македонија и Словенија во загрепската „Арена“.

Со голот во последна секунда на Филип Талевски Македонија успеа да го изедначи резултатот.

Македонските ракометари ги бодрат околу 2.000 навивачи, кои во еден клуб во близина на салата ја подгреваа атмосферата пред натпреварот. Словенија пак има помош од околу 5.000 навивачи.

Навивачкиот дух се забележува и во салата и преку малите екрани. Македонските навивачи е навистина гласни.

Фановите на двете репрезентации придонесуваат за енергична атмосфера.