ЕП ракомет 2018: Бронза за Франција


Репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал на тринаесеттото Европско првенство за ракометари.

Во дуелот за бронзата, односно третото место, актуелниот светскиот првак Франција беше подобар од олимпискиот шампион Данска 32-29, полувреме 17-14.

Никола Карабатиќ со 9 гола беше најефикасен во редовите на „Триколорите“, додека кај Данците, а воедно и на натпреварот со 12 постигнати гола најефикасен беше Ханс Линдберг.

За Французите ова е вкупно петти медал од континенталните шампионат, на кои досега имаа освоено три златни и сега веќе еден бронзен медал.

Данците останаа на вкупно шест медал на европските шампионати, од нив два златни, еден сребрен и три бронзен медал.

Кој пак ќе биде носител на златото, а кој ќе мора да се задоволи со среброто на ова првенство, ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Шведска чиј почеток е закажан за 20 часот и 30 минути.