„Епл“ најави три нови телефони


САД- „Епл“ ќе претстави три нови iPhone телефони на прес-конференцијата следниот месец, пишува Блумберг.

„Епл“ допрва треба да го објави датумот кога ќе ги претстави своите нови телефони, иако обично тоа го прават на почетокот на септември.

Компанијата, планира да промовира три нови модели на iPhone, вклучувајќи и еден со дисплеј од 6,5 инчи, најголемиот што некогаш бил вклучен на iPhone.

Исто така ќе биде претставен и 5,8-инчен модел, со иста големина како и сегашниот iPhone X, заедно со поприфатлив модел со 6,1-инчен екран, пренесува Блумберг. Тоа се совпаѓа со извештаите на аналитичарите од декември 2017 година, кои исто така рекоа дека „Епл“ ќе претстави три нови iPhone телефони оваа година.

„Епл“ ќе ги лансира ајфоните во различни бои, но не наведува дали ќе бидат поразлични од боите што веќ „Епл“ ги има.