Емил Павлов најдобар каратист на Македонија за 2018 година


Карате федерацијата на Македонија денеска ги прогласи најдобрите во овој спорт за 2018 година. За најдобар каратист на Македонија категорија кумите е избран Емил Павлов, а најдобра во женска конкуренција е Ангела Мојсовска.

Наградите за најдобри во кати сениорска конкуренција се Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ.

Во конкуренција на кадети-кати најдобри се Јована Начевска и Кристијан Бајовски.
Најдобри кадети во кумите (борби) се Магдалена Божиновска и Марио Свинарски

Најдобри во јуниорска конкуренција:
кати – Владанка Аврамова и Александар Неделковски.
кумите – Маја Милева и Фаик Весели.

Најуспешни помлади сениори/ки (У-21)
кати – Матеја Талеска и Јован Васиќ.
кумите – Вероника Костовска и Петар Спасеноски.

Наградата за најуспешен клуб во младинска конкуренција е за КК Олимпик спорт 2007 од Скопје.

КК Штип е најдобар во сениорска конкуренција.

Во конкуренција на тренери во младинска категорија за најуспешен е прогласен Александар Кузмановски од клубот Олимпик спорт 2007.

Сашо Арсовски од КК Штип е прогласен за најдобар тренер во сениорска конкуренција.