Елиф Елмас се сели во Италија за 15 милиони евра?


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можело во јануарскиот преоден рок да ја напушти Турција и да се пресели во Италија. Како што пишуваат италијанските медиуми, за 19-годишниот фудбалер на Фенербахче е заинтересиран римски Лацио, кој што, наводно бил подготвен да плати 15 милиони евра.

Талентираниот Елмас во клубот од Истанбул дојде во 2017 година од Работнички за 180.000 евра. Во 24 настапи за турскиот гигант, кој годинава игра во очајна форма, одигра 24 меча и постигна еден гол.