ЕК: Неприфатливо е руското мешање во грчките внатрешни работи


Европската комисија оцени дека е неприфатливо мешањето на трети страни во домашната политика на земјите членки на ЕУ.

Во изјава за Еурактив, во врска со последните тензии помеѓу Атина и Москва по протерувањето на дипломатите од двете страни поради обиди за спречување на договорот за името со Македонија, портпарол на Европската комисија, Карлос Мартин истакна дека „непочитувањето на суверенитетот на други земји и мешањето во нивните внатрешни работи е неприфатливо“.

– Европската Унија секогаш имала јасен став за ова и го разбира предизвикот како што покажаа последните дискусии во Европскиот совет, изјави Мартин.