ЕК: Косовските царини имаат негативен ефект врз регионалната трговија


Европската Комисија бара итни појаснувања од косовската влада за воведувањето царини врз овошјето и зеленчукот. Испратено е писмо до косовските власти во кое се предупредува за негативните ефекти на таа одлука.

-Европската Комисија побара итни појаснувања од властите во Косово по одлуката на владата донесена на 17 јули, која има негативни ефекти врз регионалната трговија. Комисијата очекува обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Косово да се исполнуваат и ја истакнува важноста на регионалната соработка, стои во реакцијата на Европската Комисија испратена до МИА.

Косовската влада одлучи да воведе ресктриктивни мерки врз низа земјоделски производи на 17 јули, создавајќи хаос на царинските премини и голема загриженост кај македонските земјоделци.