Совети од експерти: Фризура и шминка за дождливо време


САД  – Прашањето не е дали ќе ве фати летен дожд, туку кога. Клучот за да изгледате добро и кога врне е да бидете лежерни, велат експертите. Во вакви денови, немојте да се трудите со комплицирани фризури или драматична шминка.

“Едноставно уживајте во моментот”, изјави Мелиса Силвер, мејкап артист во “Мејбелин”, Њујорк.

“Многу е важно е да изгледате подготвени за такво време, а не како да ве фатиле во заседа”, вели Линда Велс, главна уредничка на списанието “Алур”.

Еве неколку совети и брзи и лесни финти за дождливо време:

Следете ја временската прогноза.

“Кога знаете дека ќе врне, сигурно нема да облечете бел фустан, туку нешто поиздржливо. Истото важи и за шминката”, вели Силвер.

“Следно, мора добро да ја знаете вашата коса”, вели Амон Карвер, уметнички директор на “Матрикс”. Изненадувачки, накршената или брановидната коса повеќе траат. Затоа обидете да направите фризура со гел за зацврстување на влажна коса.

За правата коса, Карвер предлага некој производ за коса со малку масло, кој би ја одбивал водата.

Врзете ја косата во плетенка или коњско опавче на врнежливо време. Можете да ја одврезете кога ќе стигнете на саканата дестинација и вака ќе добиете уште повеке брановидност.

“Што се однесува до шминката, одберете водоотпорни производи, кои имаат помека текстура и се покремасти”, вели Силвер.

Користете поедоставни бои. Подобро е на вакво влажно време да изберете еднобојна сенка за очи, на пример, во кремаста нијанса, отколку да мешате нијанси. Производите во прав не се препорачуваат за влажно време, а тоа важи и за руменилото. За образите Силвер препорачува руменило без масло, појачано со силикони.

Пенкалата кои ги носите во чантата заменете ги со памучни марамици, дури може и со марамчиња за отстранување шминка. Ќе ви помогнат да отстранете доволно од шминката: само дел, не целосно.

Ако накиснете, појдете до тоалет каде има апарат за сушење раце. “Можеби мразите да си ги сушете рацете со нив, но сигурно ќе ги засакате кога ќе треба да си ја сушите косата”, вели Велс.

Ако сето ова не успее тогаш извадете го стегачот или панделката, кои претходно не заборавајте да ги понесете во чаната и погрижете се тие да бидат полежерни, а не префинети, за подобро да одговараат на состојбата на вашата коса.