Ексминистерка од Романија приведена во Костарика


Поранешната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа е проведена во Костарика врз основа на меѓунардона потерница издадена од романските власти.

Заедно со Удреа е приведена и поранешната раководителка на Дирекцијата за борба против организираниот криминал и тероризмот Алина Бика.

Удреа и Бика во Романија се осудени за корупција на шест, односно четири години затвор, но бидејќи беа недостапни за властите, Романија распиша црвена меѓународна потреница по нив преку Интерпол.

Двете поранешни романски функционерки чекаат да бидат изведен пред Суд, кој ќе треба да реши за романското барање за нивна екстрадиција