Ексклузивно за „Пипл“: Бригит Нилсен ја покажа ќерката Фрида


САД- Бригит Нилсен ексклузивно за „Пипл“ позираше со своето петто дете, ќерката Фрида и нејзиниот сопруг Матео Деси во нивниот дом во Лос Анџелес.

Славната данска актерка и манекенка го роди петтото дете не 55 годишна возраст, прво заедничко со италијанскиот манекен, во приватна клиника во Лос Анџелес. Атрактивната актерка е во брак со Матео од 2006 година.

Таа зад себе има четири брака , меѓу кои и со познатиот актер Силвестер Сталоне .

-По четири возрасни синови, отсекогаш сакав и ќерка, а тоа беше желба и на Матео. Поминавме долг пат, но сега сме пресреќни и оддадени на семејството, изјави Бригит за престижниот магазин.