Ед Ширан негира дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“


Англија– – Британскиот поп-пејач Ед Ширан го негираше обвинението дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“, која ја изведоа Тим Мекгро и Фејт Хил, од австралиски автори.

Австралијците Шон Кери и Бју Голден во јануари покренаа тужба против Ширан, Мекгро и Хил,

велејќи композицијата „The Rest Of Our Life“ е „во целост ископирана“ од нивната „When I Found You“ која датира од 2014 година.

Ширан во своја одбрана тврди дека песната за којашто е наведен како коавтор е „оригинална и независно создадена композиција“, и дека тужбата е неоснована.

Притоа, тој побара процесот кој се води во суд во Њујорк, да биде прекинат.