Ед Ширан напиша песна за новиот филм за Џејмс Бонд


Англија- Поп-ѕвездата Ед Ширан изјави на емисијата „Лејт најт шоу“ на ТВ РТЕ дека всушност уште пред три години има спремено насловна песна за новиот филм за британскиот агент Џејмс Бонд.

Последната насловна песна за филм за агентот Џејмс Бонд беше „Writing’s on the Wall“ на Сем Смит, која го освои „Оскарот“ за најдобра филмска песна. Бондовската „Skyfall“ на Адел освои и „Оскар“ и „Златен глобус“, што е првпат за една бондовска песна.

Не е првпат Ширан да работи на насловни песни за големи филмски проекти. Тој ја сними „I See Fire“ за „Hobbit: The Desolation of Smaug“.

Даниел Крег конечно потврди дека ќе се врати за 25-от филм за британскиот агент Џејмс Бонд, за него последен, и никој досега нема спомнато ниту како ќе се вика, кој ќе биде заплетот или која песна се планира за насловна на филмот. Промоцијата на 25-от филм за Бонд е закажана за 8 ноември 2019 година.