Ед Ширан доби орден од принцот Чарлс


АНГЛИЈА- Поп-ѕвездата Ед Ширан (26) стана член од редот на Британската империја. Наградуваниот пејач, доби орден од принцот Чарлс, денес, на свечена церемонија во Бакингамската палата во Лондон. Орденот го доби за заслуги во музиката и со ангажманот во хуманитарни цели.

„Многу сум горд на почеста. Мојот дедо почина на денешен ден, пред четири години, и знам дека ќе се гордееше со мене, изјави Ширан.