Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Миладиновци-Мралино


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што синоќа околу 23 часот се случила на локалниот пат село Миладиновци – село Мралино, Скопско.

Како што информира МВР, во несреќата патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од  Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров.

Е.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.