Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Богородица-Гевгелија


Рано утрово едно лице загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот граничен премин-Богородица-Гевгелија.

– Несреќата се случила околу 3 часот, кога патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од М.К. (27) од село Богородица удрило во металната заштитна ограда, при што починал на самото место, соопшти МВР.

Сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.