Едно лице загина, а едно е повредено при вооружен напад во центарот на Виена
Едно лице загина, а едно е повредено при оружен напад во центарот на Виена, соопштија австриските власти.
Полицијата е во потрага по напаѓачот. Инцидентот се случил во ресторан. Претходно полицијата соопшти дека две лица се повредени во нападот.
На местото на нападот веднаш пристигнале медицински екипи и припадници на антитерористичка единица на австриските безбедносни сили. Над центарот на градот прелетува полициски хеликоптер.
Поради вооружениот напад зајакнати се полициските патроли, а повеќето улици се блокирани.