Една жртва во пожар во кулата Трамп во Њујорк


Еден човек загина, а четворица пожарникари се полесно повредени во пожар шти синоќа избувна во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк.

Жртвата -67-годишен маж, бил пронајден во бесознание во станот што горел, и подоцна починал во болница, соопшти полицијата.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари.

– Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел од зградата имаше многу чад, напиша на Твитер комесарот на противпожарната бригада Даниел Нигро.

Причината за пожарот се уште се утврдува.