Еди Рама: За десет години Косово и Албанија ќе имаат ист претседател


Албанскиот премиер Еди Рама предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика.

Овие два предлога тој ги даде на свечената седница на косовскиот парламент, кога зборувајќи за иднината, рече дека Косово и Албанија по десет години може да имаат еден претседател.

– Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто не еден претседател – симбол на националното единство и една национална безбедносна политика – порача Рама во своето обраќање во парламентот во Приштина.

Призна дека сега една ваква идеја не е спроведлива, но оти „се што се сонува може да се реализира“.

– Историјата не советува дека се што е право да се сонува не е неможно и да се реализира, посочи Рама.

Тој упати и совет – Косово Србија да продолжат со дијалогот за добрососедство и да станат дел од ЕУ како две независни држави.