Еди Марфи на 57 години по десетти пат татко


САД– Актерот Еди Марфи е татко на девет деца од пет различни жени, а како пренесуваат светските медиуми, во 57-та година ќе стане татко по десетти пат.

Тој е во врска со Пејџ Батчер, 39-годишен австралиски модел, а таа неодамна е видена во Лос Анџелес во блажена состојба. Пејџ и Еди веќе имаат двегодишна ќерка Изи Уна Марфи.

Актерот и моделката се заедно од 2012 година, а првпат се запознале на сетот на филмот „Big Momma’s House 2“ во 2006.

Еди има пет деца со поранешната сопруга Никол Мичел и по едно со поранешните партнерки Мел Би, Тамара Худ Џонсон и Паулет Мекнили.