Едина Муса блесна во венчаница со длабок шлиц и деколте


Професионалниот фитнес модел, тренер, како и една од најубавите кошаркарки во Македонија, Едина Муса вчера учествуваше на модната ноќ на невести која се одржа во Мериот Хотел.

Иако досега ја гледавме најчесто во спортско издание, Муса покажа дека може да изгледа сензуално и заводливо во венчаница. Таа вчера на ревијата се појави во фустан на „Елизабет студио дизајн“, транспарентен со длабок шлиц и деколте, коj дополнително ја истакна нејзината совршена телесна форма.