Еден месец пред породувањето: Тамара се повлекува од музиката


Поп-ѕвездатаТамара Тодевска, еден месец пред породувањето, се повлекува од музиката.  Со сопругот Александар во декември ќе станат родители на нивното второ дете. Тодевска откри дека нејзиното синче ќе се вика Дарен.Двојката ја има ќерката Хана.

Викендов, заедно со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ го одржа последниот настап пред да оди на породилно отсуство.

„Со Тијана Дапчевиќ имавме прекрасна вечер во Кочани. Ви благодарам на сите. Кончено од денес можам да кажам дека сум на трудничко боледување. Се гледаме догодина, здравје“, напиша Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“.

Летниот период, Тодевска беше активна трудница, па покрај одморите со најблиските, таа често настапуваше, а и ја издаде и својата нова песна „Довидување таго“. Исто така гостуваше во неколку емисии промовирајќи ја песната.