„Европски филм за млада публика“ во четири града во Македонија
Во Неготино, Гостивар, Радовиш и Струга во два, односно три дена ќе бидат прикажани филмовите „Младешка осаменост“ – француски документарен филм, во режија на Клер Симон, 2018 година; „Крај мене“ – романски игран филм во режија на Теди Некула, 2017 година; „Стрикер (натрапник)’’ – швајцарски игран филм во режија на Питер Луизи, 2017 година.
-Преку овој проект сакаме да и презентираме на младата публика филмови кои се различни од холивудските и да ги запознаеме со културните вредности од европските земји, но и да им ја доближиме европската кинематографија, соопштија организаторите.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“.