Европски пари за енергетски ефикасни домови во Македонија
Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) започнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање на енергетска ефикасност , која ќе обезбеди финансирање за подобрување на енергетската ефикасност во домовите.
Охридска банка, Сосиете Женерал и Шпаркасе банка потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки, кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од 4 милиони евра, односно по 2 милиони секоја, наменети за натамошно кредитирање на домаќинствата.
Дополнителни 4 милиони евра е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард.