Европските Социјалисти бараат од ЕПП да ги убеди ВМРО-ДПМНЕ и Нова Демократија за името


Групата на европските социјалдемократи во Европскиот парламент бараат од Европската Народна Партија, чии членови се ВМРО -ДПМНЕ и Нова Демократија, да ги убедат сестринските партии да го поддржат Договорот за името.

– Ја повикуваме политичката опозицијата од партиите на ЕПП во двете земји да покажат одговорност и да го поддржат Договорот, изјави Удо Булман, шеф на социјалдемократите во ЕП.

Тој порача дека „решението за името ќе ја отклучи евроатлантската перспектива за Поранешната Југословенска Република Македонија и ќе помогне да се зацврсто мирот и стабилност во земјата и во регионот“.