Европа преку нов гасовод ќе се поврзе со Кипар


Претставници на Кипар, Грција, Италија и Израел денеска во Никозија потпишаа меморандум за изградба на гасовод „Ист мед“, кој би требало да пренесува природен гас од наоѓалиштата во близина на кипарскиот остров до Европа.

Грција, Израел и Кипар долго време работат на проект за изградба на гасовод, кој би го поврзал островот со Грција преку Крит.

Според грчкиот весник „Катимерини“, предвидено е гасоводот „Ист мед“ да има капацитет од 10 милијарди кубни метри гас годишно, со можност за зголемување на капацитетот до 16 милијарди.