ЕВН Снабдување избран за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија е избрана за најдобар понудувач на јавното електронско наддавање на тендерот за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија.
Компанијата  што и до сега ги снабдуваше граѓаните со електрична енергија понудила најниска маржа од 11,5 проценти. Почетната понудена маржа на ЕВН Снабдување беше 14,4 отсто.
Денеска, беше организирана електронска аукција, каде што по завршувањето на целата постапка, како најповолен понудувач кој ги исполнува и условите за универзален снабдувач на електрична енергија, беше избрана ЕВН Македонија, која ја симна маржата до 11,5 отсто.
Универзалниот снабдувач беше избран во постапка на „отворена процедура“ којашто беше спроведена  врз основа на принципите на транспарентност, недискриминација, согласно Законот за јавни набавки.
Во трката за снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите фирми учествуваше и ЕЛЕМ трејд.