Ева Лонгорија: Не може да ослабне по породувањето


Франција- Актерката Ева Лонгорија (43) , само три месеци по породувањето се врати во јавноста, на ревијата на козметичкиот бренд „Лореал“ чие заштитно лице е . Лонгорија мака мачи со килограмите и никако да си ја врати витата става по која ја препознаваме во хит-серијата „Очајни домаќинки“.

Актерката која пред три месеци го роди синчето Сантиаго Енрике, зачекори на модната писта во Париз за време на Модната неделазаедно со Енди Мекдауел, Марија Боргес, Ел Фенинг и Лија Кебебе.

„Лореал“ за прв пат во историјата направи ревија на пловечка платформа на реката Сена.