Евакуирана Амбасадата на Холандија во Сараево


Амбасадата на Холандија во Сараево е евакуирана откако Министерството на Босна и Херцеговина примило анонимен повик за поставена бомба.

Во Амбасадата на Холандија испратена е единица за борба против тероризмот и полиција.

Се уште нема информации за резултатите од проверката на објектот.