„Д Кјур“ ќе настапат на фестивалот Егзит


Еден од најголемите бендови во историјата на популарната музика „Д Кјур“ ќе настапат следната година на 4 јули на фестивалот Егзит во Нови Сад. Концертот е во рамките на јубилејната и можеби последна турнеја по повод неверојатните 40 години постоење на бендот.

Славниот „Гардијан“ по повод овој голем јубилеј наведува дека во прашање е музичкиот состав кој „протатни низ 80-тите онака како што Битлси протатнија низ 60-тите или Боуви низ 70-тите, диво креативни, менувајќи се постојано“, додека култниот „Ен-Ем-И“ нивниот неодамнешен концерт го опишува како „чиста перфекција“ на голем рок бенд кој е „на врвот од својата вештина“, нарекувајќи ги „Божествени гении“.

На денешната конференција за новинари, Душан Ковачевиќ, основачот на „Егзит“ изјави дека не е лесно да се дојде до бенд од врвот на листата со желби на сите големи фестивали.

– Секоја година од основањето на „Егзит“ испраќавме понуди за „Д Кјур“, а парадоксално, баш во моментот кога се најголеми откако постојат и тргнуваат на најбараната турнеја за следната година, се случи тие да ни се јават нам, вели Ковачевиќ

Славниот рок критичар Драган Амброзиќ додаде дека во прашање е неверојатна вест, како и тоа дека „со голема сигурност може да се каже дека станува збор за еден од најзначајните концерти во историјата на фестивалот Егзит.

Бидејќи ова е турнеја со мал број на датуми и имајќи предвид дека станува збор за бенд кој го слушаат милиони фанови од неколку генерации, се очекува влезниците за нивните концерти да бидат најбараните за 2019 година, за што потврдуваат веќе распродадените концерти за само неколку часа од лансирањето на влезниците, како што беше и концертот во Даблин, кој во Ирска предизвика општ хаос во трката за билети.

Во вторник, на 23 октомври, пристигнуваат и првите четиридневни „Егзит“ влезници со 55% попуст, со цена од 3.580 денари. Истиот датум во продажба ќе биде пуштена и многу ограничена количина на дневни влезници за првиот ден на фестивалот, четврток – 4 јули, кога ќе настапат „Д Кјур“, по цена од 1.675 денари. Истиот ден стигнуваат и влезниците за фан-пит, по цена од 2.175 денари како и голд вип дневни влезници за 4 јули по 6.515 денари. Влезниците во Македонија ќе се продаваат преку продажната мрежа на МкТикетс, онлајн и во Југотон.