ДУИ ќе одеше со Џафери ако не се согласеше со СДСМ за Пендаровски


Демократската унија за интеграција, доколку не се согласуваше со СДСМ за консезуалниот кандидат, тогаш ќе  излезеше со свој кандидат на претседателските избори , а тој би бил Талат Џафери, истакна заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити во вчерашната емисија на “Клик Плус”.

Имаше гласини и кај СДСМ и кај ДУИ да излезат со партиски кандидати, и ние бевме подготвени за оваа опција. Најпотенцијалниот кандидат би бил Талат Џафери како кандидат за ДУИ “, рече Меџити.

ДУИ првично предупреди за нивниот излез со нивниот претседателски кандидат, но потоа постигна договор со СДСМ.