ДУИ: Дијаспората може да се регистрира и електронски


Демократската унија за интеграција апелира до дијаспората од земјава да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.
Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август: https://dijaspora.sec.mk /Default.aspx.
Исто така, ги покануваме сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември стои во соопштението на ДУИ.