ДУИ го потврди изборот на Пендаровски


Централниот совет на ДУИ денеска во партиското седиште во мала Речица одлучи едногласно, нивниот изборен штаб да го предводи потпретсесателот на партијата Изет Меџити.

Ова е една од одлуките донесени на денешната седница на Централниот совет на ДУИ што се одржа во партиското седиште во Мала Речица.

На седницата претседателот Али Ахмети ги информирал присутните за текот на разговорите со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, како и концептот на консензуалност што од ДУИ бил претставен пред јавноста уште во 2014 година.

Тој истакнал дека носителите на изборниот легитимитет на двете мнозински заедници, во овој случај ДУИ и СДСМ, заедно со претставниците на другите заедници, се договорија за заеднички кандидат за претседател на земјата.