Дувњак се враќа на терен


По речиси осуммесечна пауза поради повреда, хрватскиот ракометар Домагој Дувњак се враќа на теренот. Некогаш најдобриот и најплатен ракометар на светот, вечерва ќе настапи за својот Кил во натпревар од германското првенство против Хатенберг. Идниот месец, Дувњак ќе ја предводи хрватската репрезентација на Европското првенство, кое се оддржува во неговата земја.